post

Премногу цели, добро или лошо?

Понекогаш навистина знаеме да претераме поставувајќи премногу цели кои сакаме да ги постигнеме без воопшто да се запрашаме дали можеме да ги постигнеме.

премногу цели

Да, премногу цели за постигнување, понекогаш, ако не и секогаш ќе биде многу полошо отколку воопшто да се нема цел. Зошто? Затоа што е подобро ништо да не преземаме отколку да се загубиме во џунглата на активности кои треба, а не можеме да ги спроведеме за да ги постигнеме поставените цели.

Еве некои факти кога станува збор за цели и нивната количина.

Продолжи…

post

Со подобрувања во следниве подрачја до раст на бизнис

Секогаш, ама баш секогаш една од главните цели на секој претприемач е да обезбеди солиден раст на бизнис. А, како можете да го обезбедите таквиот раст?

5 подрачја за раст на бизнис

Едно нешто е јасно, а тоа е дека растот се обезбедува преку подобрување, односно првин преку зголемена продажба, а со тоа и профитабилност. Зголемена продажба, односни приходи и профитабилност ќе се постигнат само преку соодветни постојани подобрувања.

Продолжи…

post

Претприемачки мајндсет – во 2014 бидете поодлучен претприемач

Сега се наоѓаме во петтиот наслов од серијалот за промена на вашиот претприемачки мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за вашата одлучност како една потребна карактеристика за градење на бизнис кој победува на сите стази.

претприемачки мајндсет

Премногу размислување и одложување на донесување на квалитетни одлуки едноставно го забавува растот и развојот на вашиот бизнис. Не, тука не станува збор за брзоплети одлуки, туку станува збор за повисоко ниво на вашата претприемачка одлучност.

Продолжи…

post

Како да ги постигнeте сите крупни цели

Дали некогаш сте имале искуство со поставување на крупни цели како што се реализирање на голем сон, заработка на милиони, седмоцифрен раст на вашиот бизнис…?

крупни цели со мали чекори

Доколку сте имале искуство со поставување на такви крупни цели сигурно знаете колку е фрустрирачка нивната реализација, односно нивното постигнување, особено поради фактот што тие не може да се постигнат утре, следна недела или следен месец.

Продолжи…

post

Менаџмент – најдоброто од 2013 година

Се би било супер доколку може да биде интегрирано и да функционира и работи без потреба од менаџирање. Но, во практиката не е така. Менаџментот игра голема улога во обезбедување на успех.

претприемач нова 2014

Некој мора да постои за да интегрира различни подсистеми во вашиот бизнис систем, да ги насочи во вистинската насока, да ги планира следните чекори, да ги контролира и да доднесува одлуки за крупните работи. Менаџментот си ја има сопствената улога во развојот на секој бизнис, па дури и малите во кои е зебележително избегнување на оваа тема.

Кои прашања да си ги поставите на овој последен ден во годината?

Продолжи…

video

Со KAIZEN до Lean и преку Lean до Зелен бизнис

Одлично три минутно видео во кое Masaaki Imai, основачот на Kaizen Institute и автор на Kaizen книги, објаснува како Kaizen води кон Lean и Lean води кон зелен бизнис.
post

10 Отпадоци или расфрлања и како да се справите

Според некои мои анализи и истражувања од терен скоро 60% од деловните активности на малите бизниси припаѓаат на онаа што се нарекува отпадоци.

отпадоци и расфрлања

А, кога станува збор за отпадоците сигурно знаете што правите со нив дома и каде завршуваат. Дали сакате да ги имате во вашиот дом? Сигурно не! Па затоа зошто и да ги имате и во вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Што можете да не правите денес

Премногу акцент ставаме на онаа што треба да правиме, како да го правиме и кога да го правиме, со што едноставно се натрупуваме со задачи и активности за секој ден. Од друга страна се наоѓаат работите кои што можете да не ги правите денес.

што да не правите

Што станува со работите кои ги правиме секојдневно, а не мора да ги правиме или едноставно можеме да одлучиме да не ги правиме денес и тоа секогаш?

Продолжи…

video

Кога процесите ја намалуваат креативноста и продуктивноста

Знаеме дека процесите понекогаш ја намалуваат креативноста, но зошто истовремено понекогаш ја намалуваат и креативноста? Во оваа видео зборувам за три причини.
post

Процес на експериментирање во вашиот бизнис

Значи имате бизнис, функционира, напредува и се се одвива согласно вашите планови кои сте си ги поставиле, односно според онаа што сте го сработиле во стартап фазата. Сега е повторно време за експериментирање.

ескпериментирање

Да, добро читате, иако не сте веќе во стартап фазата вие сепак ќе мора да експериментирате. Тоа е факт. Всушност, менаџирање и водење на бизнис претставува еден континуиран процес на експериментирање.

Продолжи…