Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

post

Развој на менаџментот низ историјата и денес – Дел 2

Развој на менаџментот

Развој на менаџментот

Ќе продолжиме со историскиот развој на менаџментот. Во вчерашниот пост (првиот дел од овој серијал) ги поминавме принципите на научен менаџмент на Frederick Taylor и експериментите на Hawthorne. Денес ќе продолжиме со:

  • Индустриска психологија (1940-1950 година)
  • Социотехнички системи (1950-ти години)
  • Организациски развој (1950-ти години)

Индустриска психологија

Како што кажува самото име индустриска психологија се занимава со примена на психологија на работното место. Основните активности на индустриската психологија се анализа на работата, дефинирање и мерење на работните перформанси, тестирање, избирање и тренирање на вработените, односно го проучува однесувањето на луѓето на работното место. Индустриската психологија се нарекува и индустриска и организациска психологија, во Англија се нарекува професионална психологија, во Германија пак работна психологија.

Во енциклопедијата Wikipedia индустриската психологија се дефинира како:

наука која го проучува однесувањето на луѓето на работното место и која применува психолошки резултати и методи во однос на работниците и организациите.

Индустриските психолози извршиле голем број на тестирања на работниците, тренирање и развој особено на супервизорите и менаџерите во текот на доцните 1940-ти и раните 1950-ти години.

Најзначајното сознание на индустриските психолози во однос на менаџментот претставува тоа дека организациските промените нема да се појават доколку индивидуалните промени не се во иста насока со посакуваната севкупна организациска промена.

Социотехнички системи

Оваа теорија е развиена врз база на откритија при проучување на слабото работење на индустрија за јаглен во Британија од страна на Eric Trist во 1950-ти години.  Оваа индустрија се соочувала со проблеми со продуктивноста и примена на нова технологија. Откритијата претставувале нова парадигма на работење позната како социотехнички системи, односно нов приод на менаџментот во работењето. Целта на оваа теорија е оптимизација на работата преку оптимизација на социјални и технолошки подсистеми во организацискиот систем. Основните принципи на социотехнички системи (но не и единствени) претставени од Trist се:

  • Работните организации се составени од два независни но сепак меѓусебно зависни системи: технички системи и социјални системи.
  • Работниот систем е основна единица која е составена од група на активности кои прават да функционира целината, наместо поединечни работи и задачи.
  • Работна група е основна наместо индивидуален работник.
  • Регулација на системот се изведува од групата наместо од супервизорите (што е сосема различно од Taylor-овиот научен менаџмент).
  • Еден индивидуален работник е дополнување на машината а не продолжеток на истата.

Организациски развој (Organizational Development)

Не може да се зборува за менаџментот доколку не се опфати  терминот организацискиот развој (OD). Не е сосема сигурно кој прв го вовел терминот, но најверојатно тој е изведен од страна на Richard Bechard и Douglas McGregor кои не сакале нивната работа да ја насловат како “management development”, бидејќи во работата била инволвирана целата организација. Поради тоа сакале да го искористат терминот “обука на човечките односи” кој пак е доста тесен, па наместо тоа го употребиле терминот организациски развој.

Постојат многу дефиниции за организацискиот развој. Дефиницијата која најчесто се користи во литературата е предложена од Richard Beckhard кој организацискиот развој го дефинира како:

  1. планиран обид,
  2. кој се однесува на целата организација,
  3. и е управуван од врвниот менаџмент,
  4. за да се зголеми организациската ефективност и добра состојба преку
  5. планирани интервенции во организациските процеси користејќи знаења од бихевиористичката наука.

Од дефиницијата се гледа дека OD е планиран приод на промена на човечкиот фактор во организацијата и се однесува на сите организациски членови, а не само на одредени групи или сегменти. Исто така, од дефиницијата може да се види дека OD е приод кој е подржан од врвниот менаџмент. Без поддршка од врвот нема да бидат достапни ресурсите кои се потребни за процесот на промена со што целиот процес може да пропадне. Затоа доколку не се добие целосна поддршка од врвниот менаџмент, подобро е воопшто да не се започнува со промените. Целта на овие промени е да се зголеми организациската ефективност но со тоа зголемување да не се влошат работните услови на организациските членови. Последниот дел од дефиницијата вели дека OD користи бихевиористичка наука со цел да се зголеми индивидуалната и организациксата ефективност. Знаењето од бихевиористичките науки се насочува кон олеснување на комуникацијата помеѓу организациските членови и меѓусебна помош и подршка помеѓу истите.

Продолжува: Развој на менаџментот низ историјата, а каде сме денес – Дел 3

post

Развој на менаџментот низ историјата и денес – Дел 1

10 Карактеристики на отворени системи

Развој на менаџментот низ историјата

Добро е да поминеме низ процесот развој на менаџментот низ историјата за да заклучиме каде сме денес и како треба да го практицираме менаџментот.

Можеме да кажеме дека од настанувањето на организациите па до денес постои менаџментот. Дури и праисторискиот човек имал одреден вид на организација со која раководел еден водач на племето и кој ги организирал останатите за ловење, подготвување на храна, преселување и се што е потребно за преживување. Но, на научна основа за менаџментот почнува да се зборува веќе во почетокот на 20-тиот век.

Ако погледнеме наназад низ историјата кога народите почнуваат да се организираат без разлика дали се однесува на водење војни, градење на градови, пирамиди и други активности постоела потреба од менаџмент. На пример при градење на пирамидите или градење на Кинескиот ѕид постоело потреба од организација и нејзина постојана модификација за да работните потфати се завршат успешно. Особено поради фактот што таквите потфати се изведувале со години па дури и векови. Армиите се реорганизирале за да бидат поефективни и поефикасни во војните што се воделе. Филип Втори ја реорганизирал античката македонска армија во фаланги кои во времето во кое војувале биле непобедиви, додека Александар Македонски ја доусовршил фалангата (македонска војска) со која ја распространил својата земја на 3 континенти.

Првиот пишан документ за организациска промена е забележан во Стариот Завет (Ex. 18) и се однесува на бегството на Мојсеј од тиранијата на египќаните со илјадници Израелци како негови следбеници. Тој се соочил со проблем кој се состоел во тоа што сите следбеници имале директен пристап до него за било кој проблем бидејќи тој бил лидер, советник, судија и министер за сите. Неговиот дедо (таткото на жената) Јотор му дал совет да избере неколку добри мажи да бидат (судии) господари на илјадници луѓе кои ќе имаат директен пристап до него и ќе му ги носат само проблемите кои тие не можат да ги решат. Секој од овие господари ќе имаат полковници кои ќе имаат директен пристап до господарите и ќе им ги носат само проблемите кои тие не ќе можат да ги решат и така се до најниско ниво до 10 луѓе за кои ќе биде одговорен еден човек (пирамидална организација). Сето тоа претставува менаџмент и промена во функционирањето на организација (еден народ). Во овој случај дедото на Мојсеј претставува она што денес се нарекува агент за промени. Ова покажува дека организациските промени не претставуваат нешто ново.

Од горните забелешки можеме да забележиме дека секаде каде што постои одреден вид на организација мора да постои и менаџмент и организациски промени како негов составен елемент.

Научен развој на менаџментот

Веќе на почетокот на 20-тиот век за менаџментот па со тоа и за организациските промени се зборува на научна основа. Накратко ќе ја разгледаме претходницата на најважните научни достигнувања во областа на менаџментот:

  1. Научен менаџмент (1911 година)
  2. Истражувања на Hawthorne (1923-1933 година)
  3. Индустриска психологија (1940-1950 година)
  4. Социотехнички системи (1950-ти години)
  5. Организациски развој (1950-ти години)
  6. KAIZEN (1950-ти години)
  7. TQM (Total Quality Management) (1950-ти и 1960-ти години)
  8. Менаџерска решетка (1964 година)
  9. Lean Management (1960-ти и 1970-ти години)
  10. BPR (Business Process Reingeneering) (почеток на 1990-ти години)
  11. Фрактална филозофија (1992 година)

Научен менаџмент

Frederick Taylor своите истражувања и научна работа ги изведува во крајот на XIX век и почетокот на XX век. Тој се смета како основоположник на научниот менаџмент. Неговото најпознато дело е Принципи на научниот менаџмент кое го објавил 1911 година. Дисциплините на кои се темели неговата работа се инженерството и економијата. Taylor-овиот научен менаџмент се базира на 4 принципи:

  1. Собирање на податоци за работата и работното место и нивно претворање во правила, политики и процедури дури и во математички формули доколку е можно.
  2. Избор и развој на работници кои имаат вештини за изведување на работата што ја бара секое работно место. Посебен акцент Taylor става на обука и развој на вработените заради подобро изведување на работата.
  3. Интеграција на науката и обучени работници. Taylor смета дека доколку имаме најдобро обучени работници кои при изведување на нивната работа не применуваат нови методи на изведување на работата на научна основа, перформанисте ќе бидат на незадоволително ниво.
  4. Разделување на работата на компанијата во два дела: работници кои ќе ја изведуваат работата и менаџери кои ќе ја планираат и контролираат работата на работниците.

Од четирите принципи на научниот менаџмент на Frederick Taylor можеме да забележиме дека целта е постојано подобрување на изведување на работата, а тоа се постигнува со континуирани организациски промени. Taylor-измот извршил целосна промена на изгледот на производствените организации и начинот на функционирање на истите. Менаџмент филозофии за организациски промени кои денес ги нарекуваме реинженеринг на деловен процес (BPR – Business Process Reingeneering), севкупно управување со квалитет (TQM – Total Quality Management), 6 сигма модел, ISO 9000 во голем дел се развиени врз основа на принципите на Taylor.

Истражувања на Hawthorne

За разлика од Frederick Taylor кој се потпира на дисциплините економија и инженерството, истражувањата на Hawthorne се темелат на психологијата и социологијата. Од 1923 – 1933 година Western Electric Company спонзорира експерименти во нивниот погон во Hawthorne во Chicago. Целта на истражувањата била да се утврди влијанието на работните услови на продуктивноста. Истражувањата можат да се поделат хронолошки во 4 категории:

  1. Експеримент со осветлување
  2. Експеримент на група за монтажа
  3. Програм за интервјуирање
  4. Истражувања на bank-wiring група.

Во експериментот со осветлување се мерела продуктивноста на одредена група во однос на различно ниво на осветленост. Резултатите од истражувањата биле изненадувачки по почетното зголемување на продуктивноста при зголемена осветленост, бидејќи со повторно намалување на осветлувањето продуктивноста уште повеќе се зголемила.

Во експериментот со група за монтажа била избрана група од 6 жени кои работеле на монтажа на дел од стандарден телефон. Променливите кои се проучувале тука биле зголемување на платата, воведување на време за одмор со различна должина, скратување на работниот ден и неделата. Со воведување на овие поволности за групата продуктивноста растела, но и со одземање на веќе стекнатите поволности продуктивноста продолжила да расте. Поради тоа и во овој експеримент истражувачите не можеле точно и прецизно да ги утврдат причините за пораст на продуктивноста која достигнала и до 30% и моралот меѓу учесничките во истражувањата кој бил подобрен. Истражувачите дошле до заклучок дека влијание на зголемување на продуктивноста било резултат на: поголема слобода во работата, самите си го средувале своето работно место, работеле во мали групи и начинот на кој биле третирани.

Во третата група на истражувања биле спроведени околу 21000 интервјуа. Со овие интервјуирања истражувачите дошле до сознанија за ставовите на вработените за самата работа која ја изведуваат и значењето на статусот. Најзначајниот заклучок бил дека жалбите на вработените претставуваат скриени проблеми во работата, во домот или пак минатото на личноста.

Во четвртата група на експерименти била изберена група од 14 мажи чија работа била да спојуваат одредени делови на опрема. Целта на овие истражувања била да се утврди значењето на групните норми и стандарди како и неформалната организација во однос на висината на перформансите.

Во однос на менаџментот, Hawthorn експериментите ги вклучуваат за прв пат психолошките и социолошките фактори во подобрување на перформансите на организацискиот систем. Друго значење е тоа што било која промена (на пример промена на осветлувањето) влијае на промена на однесувањето на вработените и промена на нивните перформанси.

Продолжува: Развој на менаџментот низ историјата, а каде сме денес – Дел 2

post

Билтени на претприемач

Она што пред и по новата година го најавив го имплементирав минатата недела со излегување на првиот билтен на претприемач за оваа 2011 година. Прва и основна цел на билтенот е да претставува извор на знаење за сегашни и идни претприемачи, како и поттикнување на двонасочна комуникација со сите регистрирани за овие билтени.

Билтени на претприемач

Билтени на претприемач

Билтени на претприемач имаат за цел да ви помогнат заедно да го придвижиме вашиот бизнис еден чекор понапред. Но, што значи тоа еден чекор понапред?

Билтенот е структуриран на следниов начин:

  • Бесплатен материјал како благодарност од наша страна.
  • 8 месечни теми за претприемништво.
  • Двонеделен билтен.

Веднаш по извршена успешна регистрација добивате пристап до:

  • 10 видео материјали за изработка не веб презентација за вашиот бизнис (презентациите од овие видео материјали можете да ги погледате тука)
  • Калкулатор за анализа на готовинскиот тек и
  • 10 Бизнис темплејти кои ќе ви помогнат при водење на вашиот бизнис (книга за бизнис идеи, план на активности за започнување ан бизнис, листа на неделни активности, конкурентна анализа, SWOT анализа, маркетинг календар, база на податоци со потенцијални потрошувачи, фактура, про-фктура).

Има 8 едукативни теми од областа на претприемништвото и за секој месец по една. Што значи дека од овој елемент во наредните 8 месеци ќе добивате по еден е-mail со едукативни теми преку линкови до најдобрите постови до претприемач и совети за водење на Вашиот бизнис од секоја од тие теми. Овие теми претставуваат еден вид на прирачник за претприемачите и активности за спроведување во 30 дена.

Секои две недели ќе добивате по еден билтен кој ќе содржи:

  • едукативен дел,
  • најдобри постови на претприемач од претходните две недели доколку сте ги испуштиле,
  • предлог книга која може да биде од корист за вашиот бизнис,
  • корисни нови алатки кои можете да ги разгледате за користење во вашиот бизнис и
  • достапност до форми во вид на предлози за креирање на е-книги прилагодени кон вашите потреби.

Веќе наредниот билтен кој ќе излезе во понеделник ќе содржи едукативна тема за содржина како маркетинг средство, 5 алатки кои може да се користат од страна на бизнисите и форма за предлози за една е-книга која е во изработка.

Кога станува збор за предлози за е-книги сметам дека треба дообјаснување. Секоја е-книга која ќе биде предмет на бесплатно споделување со сите регистрирани за билтени ќе биде дизајнирана како структурно така и содржински од наша страна. Овој дизајн ќе ви биде претставен во билтените и ќе ви биде овозможено да пристапите до форма преку која ќе можете да побарате дополнителни наслови кои би сакале да бидат вклучени во таа книга. По завршување на подготовка на е-книгата во некој од наредните билтени ќе ја добиете истата и ќе можете да ја користите во подобрување на процесите во вашиот бизнис кои се однесуваат на темата во таа е-книга.

Првата е-книга за која ќе собираме предлози во идниот билтен на која веќе работиме и е во завршна фаза е насловена како Блогирање за бизнис.

post

5 Маркетинг грешки кои треба да се избегнат

Подобрување како последица на грешки

Маркетинг грешки кои треба да се избегнат

Маркетинг е бизнис функција која мора да биде составен дел од бизнисот од самото негово започнување. Дури и пред започнување претприемачите ја користат оваа функција како првиот ден од нивните бизниси веќе би бил на некој начин ден во кој потенцијалните купувачи ќе врескаат. Следев еден мал бизнис кој започна пред извесен период и кој ја примени одлична маркетинг стратегија неколку месеци пред официјално отворање на вратите. Се чини дека сето тоа беше доста исплатливо.

Понекогаш претприемачите сметаат дека не им е потребен маркетинг како посебна функција во нивниот бизнис. И тоа е една од првите грешки кои ги прават. Но, што се случува со користење на маркетингот и можните грешки кои имаат потенцијал да бидат фатални за бизнисот.

Затоа и овој пост во кој ќе опфатиме 5 маркетинг грешки кои треба да ги избегнете.

1. Недостаток на маркетинг стратегија и стратешки приод

Без јасно дефиниран пат за тоа каде треба да се стигне со помош на маркетингот тешко дека некаде ќе се стигне. Маркетинг стратегија и еден стратешки приод во маркетингот треба да даде одговор на клучните прашања:

  • Кои се целите кои треба да се постигнат со маркетингот?
  • Кој целен пазар сакаме да го опфатиме со нашите маркетинг активности?
  • Зошто некој би го избрал нашиот бизнис наместо на конкурентите?
  • Кои се најголемите разлики помеѓу нашиот бизниси конкурентите во термин на корисности за потрошувачите?
  • Кои се разликите во карактеристиките на производите и услугите кои ние ги нудиме со оние на конкурентите?
  • Што има нашиот бизнис за потенцијални потрошувачи, а конкурентите го немаат?
  • Што претставуваме ние за нашата пазарна ниша?
  • Кои и какви ќе бидат ценовните стратегии и тактики кои ќе ги користиме?
  • Кои маркетинг средства ќе ги користиме и кога?
  • Како ќе ги мериме резултатите од тие маркетинг средства?

2. Недостаток на јасно дефинирани цели, или постојат цели кои не може да се измерат

Втората грешка е кога се започнува со маркетинг активности притоа не постојат јасно дефинирани цели за тоа што треба да се постигне со истите, или пак ако постојат таквите цели тие не се мерливи.

Целите треба да бидат јасни, прецизни и мерливи при што со еден поглед ќе може да се каже дека нешто е ОК и се исполнува целта, а нешто не е ОК и треба да се отфрли од наредниот циклус на маркетинг активности.

На пример, една цел може да биде зголемување на продажба. Но, оваа цел е премногу општа и не кажува многу нешта за да може да се измери ефикасноста и ефективноста на секоја маркетинг активност на вашиот бизнис. Но, доколку кажеме дека целта е да се зголеми продажбата за 10% на сегментот млади потрошувачи во источниот регион на Република Македонија е веќе цел која е јасна и мерлива бидејќи можеме да ја споредиме продажбата со периодот во кој сме немале одредени маркетинга ктивности.

3. Немање на можност да се измери повраток на инвестицијата

Повраток на инвестицијата (ROI – Return of Investment) претставува една од основните мерки со кои се мерат голем дел од бизнис активности, но најчесто финансиските вложувања во одредени нови бизнис потфати. Но во последно време, оваа мерка се применува и во маркетинг активностите. Честопати во делот на маркетинг средства пишував дека треба секогаш да се бара начин како да се измери ефектот на секое маркетинг средство што ќе се применува. Ова особено треба да се применува во финансискиот дел, бидејќи од друга страна е наједноставно.

Кога станува збор за повраток на инвестиција мора да се имаат во предвид следниве фактори:

  • Вложени финансиски средства за одредена маркетинг кампања
  • Број на купувачи кои се привлечени од таа кампања
  • Видливи (финансиски) ефекти и невидливи (нефинансиски) ефекти од таа кампања
  • Време кое еден купувач останува купувач во бизнисот и
  • Приход во определен временски период од тој купувач.

4. Некозистентност на маркетинг активности

Оваа грешка најчесто е причина на непостоење на соодветна маркетинг стратегија и стратешки приод во маркетингот, но вреди да се издвои како посебна. Често пати се скита од едно маркетинг средство на друго барајќи резултати веднаш. Што пратично понекогаш за некои маркетинг средства е неизводливо.

Постојат многу истражувања кои се занимаваат со одговор на прашањето за тоа колку пати едно маркетинг средство треба да биде видено за да остави ефект врз потенцијалниот купувач. И најчесто тие истражувања покажуваат резултати во вид на 3, 4 па и повеќе пати потребна интеракција со определено маркетинг средство за да се јави свесност за постоење на бренд, производ и/или услуга.

Доколку се прекине пред време, не можете да очекувате соодветни резултати кои би требало релно да се постигнат. Затоа пред да донесете одлука за прекинување на некое маркетинг средство осигурајте се дека му е дадена шанса на истото преку доволен временски период.

5. Непостоење на високо таргетирани групи за различни маркетинг активности – се за секого синдром

Оваа грешка ја нарекувам синдром се за секого, што е невозможно. Имајќи ја во предвид се поголемата комплексност на бизнисите и се поголемото ослонување на тие бизниси на поширок дијапазон на целни потрошувачи кои имаат големи јазови и разлики не можеме да очекуваме дека со едно маркетинг средство ќе ги привлечеме сите нив.

Затоа обидете се секое маркетинг средство што ќе го користите да биде кон високо таргетирани групи (прочитајте за демографија и активности) за постигнување на специфични цели кон таа група.

post

Стратегиски менаџмент

Бизнис модел и онлајн стратегија

Стратегиски менаџмент

Стратегиски менаџмент претставува специјално долгорочно планирање, со кое менаџерите се обидуваат да дојдат до одговор, како компанијата може да успее во иднина. Често се добива впечаток дека голем број на менаџери, кога ќе се спомне менаџерската стратегија се дистанцираат од оваа проблематика. Точно е дека со стратешкиот менаџмент и стратешкото планирање најмногу се занимава врвното раководство, бидејќи тоа е компетентно и има голем број на податоци, кои често пати се недостапни за пониско рангираните менаџери. Но, сметаме дека и пониско рангираните менаџерски структури можат успешно да се вклучат во стратешкото планирање, или во најмала рака да дадат свој допринос со што целиот процес би бил подобрен. Се анализирааат клучни стратегииски фактори, кои имаат пресудно влијание врз долгорочниот успех на компанијата. За донесување на стратегииските одлуки задолжени се врвни или клучни менаџери.

Тоа е многу одговорна задача, бидејќи од квалитетот на донесените одлуки ќе зависи понатамошно работење на компанијата, а воедно претставува тешка задача, затоа што сегашното работење на компаниите се карактеризира со мошне турбулентно опкружување, каде во игра се голем број на фактори кои можат да имаат големо влијание врз работењето на компанијата.

Со усвојување на стратешки цели, сите вработени во компанијата добиваат јасно таргетирана цел, кон која ги насочуваат своите капацитети. Много е полесно да се стигне онаму каде што сакаме доколку сите организациски членови знаат каде треба бродот со кој патуваме да стигне. При тоа се зголемува единството на ниво на компанијата, а се овозможува и поквалитетна распределба на ресурсите (финансии, машини, кадри), се со цел да се постигнат стратешки планираните цели.

Менаџментот полесно ги изолира елементите од екстерното и интерното опкружување, кои се релевантни за активностите на компанијата. Стратешки одлуки можат да бидат: ширење на нови пазари, повлекување од одредени пазари, воведување нови производи или услуги, работење со финансии, работење со кадри, зголемување на профитот, намалување на трошоците, намалување на бројот на вработените, зголемување на пазарно учество, воведување на нови технологии и машини и слично.

Било која стратешка одлука да се донесе, мора да се анализираат голем број на параметри за да се намалат можностите за грешка. Најчести грешки кои се прават се:

  • преголема анализа која доведува до парализа,
  • водење сметка за краткорочни-наспроти долгорочните цели,
  • слаба комуникација,
  • потценување на конкуренцијата,
  • неводење сметка околу интересите на потрошувачите,
  • настојување по секоја цена да се прошири компанијата,
  • недоволна информираност,
  • поефтиното секогаш и не е подобро,
  • игнорирање на културата и традицијата на компанијата…

За да ги изврши овие определби компанијата мора да има подготвено кадар, финансии, технологии.

Стратегиискиот менаџмент започнува со оценување на можностите и ограничувањата што ги нуди екстерното опкружување, како и предностите и слабостите што ги нуди интерното опкружување, како предуслови за формирање на стратегијата. Со стратешкото планирање менаџерите формираат алтернативни и амортизациони планови. За работење на стратешкото планирање потребно е да се издвои дополнително време, при што не смеат да се запостават секојдневните обврски. За квалитетно согледување на голем број на фактори кои доаѓаат од надворешната и внатрешната околина, се користи SWOT – анализа.

post

KAIZEN – Менаџмент филозофија за подобрување

Kaizen подобрување, мало но големо

Kaizen подобрување, мало но големо

Начинот на работењето, менаџментот, промените, ефективноста и ефикасноста и продуктивноста на еден бизнис може да се добијат на различни начини. Постојат различни менаџмент филозофии кои го определуваат различниот менаџерски пристап во управувањето, практицирање на промените, постигнување на ефикасност и ефективност, постигнување на висока продуктивност. Една од тие филозофии е KAIZEN менаџерската филозофија која своите корени ги влече од Јапонија и претставува основа за успех и развојот на јапонската индустрија во светки рамки.

Во последниве години зборот KAIZEN добива широка употреба во бизнис живото без разлика дали се работи за големи или мали бизниси, иако можеби не постои свесност кај претприемачите, менаџерите и вработените дека во одредени сегменти во нивната секојдневна работа користат некоја таква практика. KAIZEN најпошто кажано претставува филозофија за подобрување. Доколку размислиме малку повеќе ќе ни стане јасно дека суштината на оваа филозофија, а тоа е подобрувањето, не е нешто ново или пак нешто што се појавува во последните децении кај луѓето. Подобрувањето било вградено и во умот на праисторискиот човек. Една од основните особини на секој човек, претприемач, бизнис е да се подобруваат постојано.

Бидејќи зборот KAIZEN има потекло од Јапонија, сосема е оправдано историската појава на овој збор да ја бараме на тие простори. како одреден концепт KAIZEN се раѓа кај Masaaki Imai кој се обидувал да ја разбере разликата во сфаќањето на промените кај јапонски и американски менаџери. Тој прво дошол до заклучок дека и по 25 години американските производствени системи остануваат исти, односно воопшто не се менуваат, додека јапоснките компании од ден во ден се менувале се повеќе и повеќе. И кај јапонските и кај американските менаџери се дава големо значење на промени, но сепак тоа значење не е исто. Додека американците вршат крупни организациски промени, јапонците се фокусираат на постепени промени. Masaaki Imai токму во таа разлика ја гледа менаџерската филозофија KAIZEN, односно менаџерската филозофија за континуирано подобрување. Тој за KAIZEN вели:

Разликата помеѓу тоа како промената се сфаќа во Јапонија и САД лежи во концептот KAIZEN – концепт кој е толку природен и очигледен за повеќето јапонски менаџери така што често пати не сфаќаат дека го поседуваат.

Зборот KAIZEN е составен од два јапонски карактери (знаци) од кои првиот е KAI, а вториот е ZEN. Карактерот KAI означува ПРОМЕНА,  додека карактерот ZEN се преведува како ОД ДОБРО КОН ПОДОБРО.

Првиот карактер KAI (промена) претставува одредена активност која ќе се изврши врз нешто со што тоа нешто ќе стане различно од претходната состојба. Но, ништо не се менува ако не се подобри. Оваа е карактеристиката на промените. Токму оваа карактеристика на подобрување ја дава карактерот ZEN. Човекот отсекогаш сакал да се подобрува, односно доколку еднаш некоја работа ја изврши погрешно, наредниот пат ќе ја изврши правилно. Значи основата на оваа менаџерска филозофија е дека не постои ништо на светот кое што не може да се промени кон подобро. Треба да се напомене дека оваа промена треба да биде постојана со што ќе се добие континуирано подобрување на перформансите на бизнисот. Masaaki Imai смета дека

подобрувањето по дефиниција е споро, постојано, а понекогаш и невидливо со ефекти кои се чувствуваат на подолг рок.

Бидејќи основата на сите организациски промени е да се постигне подобрување во одредено подрачје, а од друга страна KAIZEN претставува подобрување, може да се заклучи дека оваа филозофија не предвидува темелни (порадикални промени).

Може да кажеме дека KAIZEN претставува континуирано подобрување на сите процеси во организацијата преку мали промени во кратки временски периоди вклучувајќи ги сите организациски членови без разлика на кое хиеарархиско ниво се наоѓаат (врвни, средни и прволиниски менаџери) без да се вршат големи капитални инвестиции.

Основни карактеристики на KAIZEN

KAIZEN претставува континуирано подобрување кое доведува до мали но сепак значајни подобрувања на организациските перформанси во кратки временски периоди. Од друга страна KAIZEN како концепт или филозофија доведува до ефект на пеперутка (мали промени со големи ефекти за целината во одреден временски период, погледај и видео за бизнис ефект на пеперутка). Masaaki Imai авторот на концептот смета дека менаџментот има две главни компоненти:

  • Подобрување на системот
  • Одржување на системот

Одржување на системот претставува одржување на тековните технолошки, менаџерски и оперативни стандарди, додека подобрувањето претставува подобрување на тие сегашни стандарди. Подобрувањето како што може да се види од сликата подолу е составено од две компоненти:

  • Иновација
  • KAIZEN

Иновација, Kaizen, Одржување

Иновација, Kaizen, Одржување

Ова е јапонска перцепција на работните функции, додека кај американската делот на KAIZEN е покриен со одржувањето, односно тој дел не постои. Може да постои и друг вид на менаџмент кој се употребува во високотехнолошки индустрии каде што иновацијата во голем дел го покрива одржувањето, односно функцијата на одржување е доведена до минимум. Но, овие компании брзо растат и брзо исчезнуваат кога пазарните услови ќе се променат. Најлоши компании се оние кои вршат само одржување. Од сликата можеме да забележиме дека за иновација најодговорен е врвниот и средниот менаџмент, додека за KAIZEN одговорни се сите организациски членови. Но, треба да нагласиме дека KAIZEN и иновација не се взаемно исклучиви, туку може истовремено да се применуваат. Односно во ваков случај, врвниот менаџмент:

  • го воведува KAIZEN како стратегија на компанијата
  • обезбедува секаква подршка преку алокација на ресурсите и
  • определува политики и цели во насока на реализирање на овој концепт.

Средниот менаџмент:

  • ги имплементира целите како што се определени од врвниот менаџмент
  • го користи KAIZEN во функционалните способности,
  • изведува стандарди,
  • ги обучува вработените за примена на KAIZEN техники и
  • им помага да развијат содветни техники и вештини.

Супервизорите:

  • ги применуваат KAIZEN принципите,
  • формулираат планови и водичи за работа,
  • ја подобруваат комуникацијата помеѓу вработените
  • го одржуваат моралот на високо ниво,
  • ги поддржуваат активностите на мали групи итн.

Работниците пак:

  • го применуваат KAIZEN,
  • практикуваат дисциплина во работата,
  • применуваат континуиран саморазвој за подобро да ги решаваат проблемите и да ги зголемуваат вештините со меѓусебна едукација.

Клучните принципи на кои што се базира KAIZEN концептот се:

  1. Континуирано подобрување. KAIZEN има за цел постојано да го подобрува работењето на компанијата. Оваа подобрување не се добива со некои фундаментални планови за подобрување од огромни размери, туку во ова филозофија подобрувањата се мали (би можело да се изразат како 2-3%). Но, што е суштинско во оваа филозофија е тоа што тие подобрувања се континуирани (постојани) и доколку се разгледуваат во поголем временски период секако дека ќе бидат поголеми.
  2. Мали промени во кратки временски периоди. KAIZEN филозофијата ги насочува луѓето да изведуваат мали промени во кратки временски периоди. Овие мали промени доведуваат до мали подобрувања. Но, континуитетот на подобрувањата се добива од кратките временски периоди во кои се изведуваат тие промени. Дури се оди до таму да овие мали промени треба да бидат секојдневни. Јапонските производствени компании наоѓаат можности на подобрување дури и на сосема нова техничка опрема.
  3. Инволвирање на сите организациски членови. Бидејќи целта на оваа филозофија е подобрувањето, што претставува одредена вградена карактеристика на луѓето, во подобрувањето на организациските перформанси се инволвираат сите организациски членови. Секој, не само што е должен да се подобрува и со секое наредно извршување на задачата да ја изврши подобро од претходниот пат, туку ја има таа особина да сака да има подобри резултати од работата што ја работи. Затоа KAIZEN претставува одговорност за сите членови на организацијата.
  4. Без големи капитални инвестиции. Бидејќи KAIZEN доведува до мали подобрувања во мали временски периоди преку индивидуална инвентивност на организациските членови, затоа не бара големи инвестициски вложувања во процесот на промените. Ова е и поради фактот што KAIZEN ги подобрува постоечките процеси во компанијата, а не врши замена на истите со сосема нови процеси.
  5. Процеси. Карактеристично за KAIZEN е тоа што не се ориентира кон резултатите туку кон процесите, односно ги подобрува процесите, а со подобри процеси ќе се добијат и подобри резултати. Како што кажавме погоре подобрувањето се изведува на постоечките процеси.
  6. Системи за предлози. Бидејќи подобрувањето претставува решавање на проблеми кои постојат во компанијата, а проблемите се појавуваат на сите нивоа од хиерархијата, менаџментот не е во состојба да ги открива и да ги решава истите. Затоа при откривање и решавање на проблемите KAIZEN ги инволвира вработените преку нивни предлози за тоа што треба да се промени и како да се подобри. KAIZEN гради такви системи за предлози (сугестивни системи) кои што ги поттикнуваат вработените да даваат свои мислења за проблемите и нивното решавање преку обезбедување на помош од страна на супервизорите, со што се генерираат што е можно повеќе предлози. За секоја добра предложена идеја која се реализира од менаџментот со инволвирање на предлагачот на идејата, постои одредена награда за предлагачот со што се врши поттикнување за понатамошни предлози за подобрување така да процесот на континуирано подобрување никогаш не запира. Предноста на ваквите системи е во тоа што доколку се прифати предлогот на вработениот за некаква промена тој нема да покажува отпор кон истата.

Методи и техники користени од KAIZEN

KAIZEN како менаџмент филозофија која има за цел подобрување во сите бизнис подрачја користи разни методи и техники кои се карактеристични за јапонскиот начин на работење. Овие алатки кои што ги користи KAIZEN вообичаено се претставуваат како една куќа на процесот на континуирано подобрување (види слика). на долната слика е даден и KAIZEN – чадорот односно како што Masaaki Imai го разгледува како концепт на чадор кој ги опфаќа повеќето од јапонските уникатни практики кои во последно време доживеале светска слава. Разликата меѓу куќата и чадорот е во тоа што во чадорот се претставени концепти или менаџмент филозофии од повисоко ниво додека во куќата се алатките и техниките за постигнување на концептите од чадорот. Кружните ивици од чадорот симболизираат дека сите тие практики се индивидуални.

Kaizen куќа

Kaizen куќа

Kaizen чадор

Kaizen чадор

Накратко ќе ги опишеме овие алатки и техники користени од KAIZEN.

7W (7 Waste) – 7 расфрлања. Се она што не допринесува во зголемување на употребната вредност на производот или услугата се смета како расфрлање. Оваа техника се однесува на откривање на расфрлањата во сите подрачја на организацијата, а не само во производствениот погон. Самото име на оваа техника вели дека има 7 расфрлања кои настануваат преку:

  1. Претерано производство
  2. Чекање
  3. Транспорт
  4. Процесот на обработка
  5. Складирање
  6. Непотребни движења
  7. Производство со грешки

5S. Ова е алатка која се однесува на организирање и одржување на работното место. Името на алатката е составено од 5 јапонски зборови кои започнуваат на S:

  • Seiri што значи одвојување и отфрлање на се што е непотребно на работното место
  • Seiton што значи да се среди и означи се она што ќе остане на работното место после Seiri
  • Seiso што значи да се врши дневно чистење и прегледување на работното место
  • Seiketsu што значи да се направи дневно чистење и прегледување на работното место да стане рутинска пракса.
  • Shitsuke што значи да се мотивираат луѓето за да го одржуваат средено работното место, односно да се стандардизираат претходните 4 чекори со што ќе се добие процес кој никогаш не завршува.

Визуелна фабрика. Оваа техника се однесува на тоа да сите елементи кои обезбедуваат нормални работни услови во претпријатието бидат на видно место поставени. На ваков начин се креираат стандарди на работното место со кои брзо се открива доколку нешто е надвор од планираното.

Тимови. KAIZEN е таква менаџерска филозофија која користи крос-функционални тимови во изведување на процесот на континуирано подобрување. KAIZEN не допушта поделба меѓу менаџментот и вработените, туку вработените ги гледа како еднаков партнер на менаџерите, односно како луѓе кои еднакво можат да допринесат во подобрувањата. Менаџерите се поттикнуваат да делегираат што е можно повеќе слобода на вработените во откривање и решавање на проблемите кои се во нивното сопствено подрачје на работа.

SMED (Single Minute Exchange of Die), OTED (One Touch Exchange of Die) . Овие техники се изведуваат последователно една по друга, односно после SMED следува OTED. И двете се алтаки со кои се намалува времето на промена на алатот. SMED како што кажува самото име има за цел да го намали времето на промената на алатот на помалку од 10 минути, а втората OTED оди дури до тој степен да алатот се промени само со еден допир, односно притискање на едно копче.

TPM (Total Preventive Maintenance) – Севкупно превентивно одржување. Оваа алатка има за цел да го намали времето на застојот на опремата и да обезбеди такво одржување со кое опремата ќе биде исправна во секој момент.

Poka Yoke. Poka Yoke претставува јапоснки збор за избегнување на грешките во работењето, односно работење без грешки. Оваа техника е насочена кон целосно елиминирање на грешките кои може да се појават во самиот процес.

Подобрување на квалитетот. Ова означува користење на сите техники кои може да стојат на располагање со цел да се подобри квалитетот како на производот така и на целиот деловен процес.

Ќелисики Layout. Оваа претставува техника која има за цел да направи таков распоред на машините (или елементите на процесот) така што операторот останува во ќелијата, а материјалите за обработка му се донесуваат однадвор.

Балансирање на работата. Оваа техника има за цел да доведе до балансирање на работата на целата организација и особено производствениот систем спрема барањата од пазарот.

Автоматизација (Jidoka). Автоматизација претставува превод на јапоснкиот збор Jidoka. Оваа техника има за цел да ја пренесе човечката интелигенција во машините така што истите автоматски ќе застанат кога ќе се појават проблеми.

Стандардизирање на работата. Оваа техника служи за стндардизирање, односно предвремено определување на група на активности на операторот за да ја заврши задачата во соодветно време и на најдобар можен начин. Стандард претставува документиран најдобар начин на кој се извршува работата. Со ова се постигнува избегнување на некои грешки во рабтата кои веќе се откриени и поправени.

Kanban. Оваа техника претставува одреден систем за дополнување, односно дополнување на потребните делови во вистински потребната количина и во вистинско време.

Производство со тек на едно парче. Оваа техника претставува еден вид на производствена филозофија која обезбедува движење на производот од еден процес до друг, и тоа едно парче во соодветно време, без да се допушти да се создадат залихи помеѓу двата процеса.

 

post

Продажба во 10 чекори

Продажба

Продажба

Продажба е процес кој не претставува едноставно патување од А до Б. Различни бизниси имаат различна комплексност и различен процес на продажба. Доколку точка А е почетната станица за продажба на вашиот бизнис, за да стигнете до точката Б која претставува реализација на купопродажбата ќе има повеќе процеси или станици на кои ќе треба да застанете, каде може да се качат уште патници (потенцијални купувачи) или да се симнат некои од досегашните патници (губење на потенцијални купувачи).

Како ќе го менаџирате целиот процес зависи од вас како претприемач и секако од вашиот продажен тим. Најмногу зависи од овие два ентитети, но не смееме да ги заборавиме и квалитетот, досегашното искуство, време на испорака, маркетинг средства…

Во овој пост би сакале да презентираме 10 чекори кои може да ви помгнат во дизајнирање на вашиот продажен процес.

1. Добра подготовка е половина продажба.

Вие како претприемач, но и вашиот продажен тим доколку имате, морате да бидете подготвени секогаш да влезете во процесот на продажбата било да е тој планиран или непланиран процес.

Добра подготовка можете да ја спроведете со добра анализа и одговор на неколку прашања.

Започнете со анализата и одговарање на прашањата кои се дадени подолу:

  • Производот и/или услугата. Каков производ продавате? Што допринесува истиот? Како можете да го презентирате тој производ и/или услуга? Како можете да демонстрирате супериорност на тој производ и/или услуга? Кои технички инофрмации треба да ги презентирате? Која е цената на тој производ и/или услуга? Има ли некаков попост за купување на одредена количина на тој производ и/или услуга? Доколку има попуст колкав е тој износ? Каде и како може да се добијат дополнителни информации за тој производ и/или услуга доколку купувачот пројави интерес за истите?
  • Купувачот. Кој е потенцијалниот купувач на тој производ и/или услуга? Кои се неговите проблеми? Кои се неговите желби? Какво би можело да биде неговото досегашно искуство? Какво е нивното образование? Колкав е нивниот приход?
  • Вие и вашиот бизнис? Што сакате да постигнете со процесот кој ќе го започнете? Дали е тоа моментална продажба или договарање на дополнителен состанок? Што сакате дополнително да понудите?

2. Добро претставување е прва импресија од која зависат многу понатамошни елементи.

Започнете со поздравување на потенцијалниот купувач и не се обидувајте веднаш да започнете деловна конверзација. Знам дека сте нестрпливи за реализација на продажба, но понекогаш брзањето може да биде кобно за процесот.  Комуникацијата нека биде двонасочна, немојте да започнете со еднострана презентација во која вие ќе бидете главниот. По взаемно претставување нека следи воведното продажно излагање кое не треба да биде подолго од 30-тина секунди.

3. Замолчете и слушајте…

Сега е време малку да застанете и да се претворите во „уво“ кое едноставно ќе слуша од потенцијалниот купувач. Претставувањето помина, можеби си кажавте некоја смешка и го дадовте воведното излагање во продажба, сега едноставно слушајте што има да каже потенцијалниот купувач. Во оваа фаза од процесот можете да ги слушнете неговите вистински проблеми, нешто што го мачи и како досега не успеал да го реши тој проблем кој вашиот производ и/или услуга има потенцијал да ги реши.

Оваа знаење е многу важно за натамошното однесување во процесот на продажба.

4. Демонстрација на производот и/или услугата.

Откако ќе го сослушате потенцијалниот купувач до крај и сте сигурни дека тој нема нешто дополнително што сака да ви го каже можете да преминете во презентација и демонстрација на производот и/или услуга кои се обидувате да ги продадете.

Пкажете ги корисностите за конкретниот купувач бидејќи го сослушавте и знаете кои се неговите најболни точки. Користете примери, презентации, слики, модели или пак оригиналниот производ доколку е тоа можно.

Избегнувајте презентација на карактеристики во форма на технички спецификации и стручни називи (освен ако тоа не го побара купувачот). Фокусирајте се на решавање на проблемот кој вашиот потенцијален купувач го има и како вашиот производ и/или услуга може да му помогне во тоа решавање.

5. Време е повторно да замолчите и да слушате и следите реакција

Откако ќе завршите со вашата презентација и демонстрација внимателно слушајте што има да каже потенцијалниот купувач и следете ја неговата реакцијата.

На ваков начин ќе дојдете до вредна информација за тоа што бара и сака купувачот, како и неговото мислење за комплетноста и вредноста на презентацијата и демонстрацијата од претходниот чекор. Најважно е да покажете дека сакате да го решите неговиот проблем и целосно сте посветен на тоа решение.

За да биде продажбта успешна, повеќето истражувања покажуваат дека купувачот е оној кој треба да зборува повеќе од продавачот. Следете го оваа правило и во вашиот продажен процес.

6. Одговорете на забелешките, прашањата и досегашните мислења

Многу е мала веројатноста дека од прв пат нема да има никакви забелешки, дополнителни прашања или некое мислење кое не е он што го посакувате веднаш по првата презентација и демонстрација.

Забележете се што треба да дообјасните, допокажете и допрезентирате и едноставно започнете со вашата повторна презентација.

Дали е тоа недорзбирање, погрешно сфќање или невнимателно слушање од страна на потенцијалниот купувач, ваша задача е да го вратите н вистинскиот пат.

Не се двоумете да ја кажете искрено вистината за сите аспекти на вашиот производ или услуга кои не ги задоволуваат очекувањата на купувачот. Секој пат кога искрено ќе му одоговорите на купувачот ја стекнувате неговата доверба.

7. Направете ја понудата да биде неодолива

Ова е можеби најтешкиот чекор од процесот. Како една понуда да биде неодолива?

Досега веќе процесот е до тој степен да потенцијалниот купувач знае што може, а што не може да направи вашиот производ и/или услуга. Во оваа фаза прво треба да одлучите дали да продолжите понатаму со презентирање на понудата или да го прекинете процесот.

Доколку во претходните чекори не се доближивте доволно во разликите подобро е да не продолжувате понатаму. Но, доколку сте целосно разбран и сфатен и потенцијалниот купувач веќе верува дека вие можете да му го решите проблемот започнете со понуда која тешко може да ја одбие.

Скратете го изборот на купувачот, бидејќи поголем избор доведува до забуна и одложување на донесување на одлука.

8. Реализација на купопродажбата

Оваа е чекор кој е најпосакуван од секој бизнис. Во овој чекор потенцијалниот купувач се трансформира во купувач бидејќи донесува одлука за купување на производот и/или услугата предмет на продажниот процес.

Многу претприемачи прават грешка и го сметаат овој чекор за последен, а не вовед во еден вид на нови потенцијални продажби.

Затоа не заборавајте во овој чекор да го внесете купувачот во вашата база на податоци. Ова може да биде преку пополнување на формулар или едноставно размена на бизнис картички како би можеле во иднина да остварите контакт со него.

9. Мери го задоволството на купувачот

По одреден период на време по завршување на купопродажбата обидете се да остварите повторен контакт со купувачот едноставно за да го запрашате како му се допаѓа производот или усугата. Прашајте дали можете да помогнете нешто во однос на користењето на тој производ и/или услуга. Ако купувачот има дополнителни потреби започнете со пружање на вистинска помош.

10. Зошто да не добиете препорака…

Ако купувачот е задоволен во бизнисот со вас, побарајте препорака или споделување на неговото искуство со вашиот бизнис.

Ова е еден огормен капитал на кој се базираат сите успешни бизниси.

Во овој чекор мор да имате изградено систем за препораки, со што би ги поттикнале задоволните купувачи да ве препорачуваат на други потенцијални купуваче. Дајте им дополнителни летоци или пак бизнис картички за да ги поделат. Поттикнете ги преку обезбедување на дополнителни попусти во иднина.

post

Продажни цени и причини за нивна постојана анализа

Определување на цени

Определување на цени

Во изминатиот период покажавме како успешно да навлезете во процесот на определување на вашите продажни цени. Докажавме дека определување на цена претставува и уметност и наука во исто време преку разгледување на неколку влијателни фактори и нивно менување.

Но, едно нешто недостасува – постојана анализа на вашите продажни цени.

Продажните цени бараат постојана анализа и разгледување во однос на тоа дали треба да се намалат или зголемат. Можеби вашите цени се прениски и така се окажувате од можниот профит. Можеби вашите цени се превисоки, па затоа губите потрошувачи. Овие дилеми ќе можете да ги разрешите со постојана анализа на Вашите продажни цени и постојано ревидирање и разгледување на истите. Најдобрите продажни цени се оние кои овозможуваат највисок профит за вашиот бизнис и без проблем генерираат доволно потрошувачи. Па како да знаеме дали нашите цени се оптимални? Единствено со воспоставување на систем за следење, анализа и ревидирање на тие цени.

Постојат многу причини за анализа на цените но најважните се следниве:

  • Вашата конкуренција ги намалува сопствените цени. Во оваа состојба вие имате неколку можности. Првата е веднаш без размислување да ги изедначите цените со вашата конкуренција и со тоа да се појави ризик од неможноста за покривање на трошоците на Вашиот бизнис. Втората е да продолжите со истите цени и да се појави ризик да изгубите голем дел од потрошувачите кои би се префрлиле кај вашите конкуренти. Третата е да извршите соодветна анализа на пазарот, трошоците и цените и да ги изберете најдобрите цени за Вашиот бизнис, цени кои постојано ќе генерираат потрошувачи.
  • Забележувате постојано опаѓање на приходот. Ова е доволен знак дека нешто треба да превземете. Можеби токму вашите цени влијаат на намалување на вашиот приход. Во вакви ситуации треба да извршите анализа на пазарот во однос на цените на конкуренцијата и она што потрошувачите се спремни да го платат. По анализата или ќе ги прилагодите цените или ќе воведете дополнителна услуга која ќе вреди за повисоката цена.
  • Вашите трошоци се промениле. Трошоците се променлива категорија. Менувањето на трошоците ќе бара и менување на продажните цени со цел да се покријат истите. При менувањето на трошоците тие можат или да се намалат или да се зголемат. При зголемување ќе мора да ги зголемте и вашите цени, додека при намалување ќе треба да разгледате дали ќе ги намалите цените или ќе ги оставите исти заради генерирање на поголем профит. Од друга страна можете да одите о стратегија на останување на цените на исто ниво, а намалување на трошоците преку подобрување на бизнис процесите.
  • Зголемена инфлација. При инфлација и вашите цени се подложни на промена. Во ваков случај вредноста на парите се менува, трошоците се менуваат и вашите цени мора да се прилагодат на новонастанатите услови. На оваа причина вие немате ниту можете да имате влијание. Прифатете ја реалноста започнете со прилагодување на цените се додека не е предоцна.
  • Едноставно сакате поголем профит. И оваа причина е оправдана. Сакате поголем профит и анализите покажуваат дека со зголемување на цената можете да дојдете до тоа посакувано ниво. Но, внимавајте да не се случи обратното.
  • Животниот циклус во кој што се наоѓа производот. Едноставно понекогаш вашиот производ и/или услуга се наоѓа во фаза од животен циклус кој веќе не ја поддржува тековната цена. Ова бара анализа и менување како би се зголемил векот на производот.
  • Влегувате на нов пазар. Секој пазар има различни цени. Не можете да очекувате дека цените кои се успешни на еден пазар ќе бидат успешни и на друг пазар. Ова е поради фактот што на различни пазари потрошувачите се спремни да издвојат различна сума за производот или услугата кои што вие ги нудите. Цените во Скопје и Куманово за ист или приближно ист производ не се секогаш исти.
  • Воведувате нов производ. Секогаш кога ќе воведете нов производ ќе треба да извршите анализа на пазарот за да ја определите оптималната цена на истиот. Не смеете да дозволите грешки од типот на преценување или поставување на прениски цени. Сепак тоа е нов, револуционерен производ. Нели?
  • Вашата продажна стратегија ја менувате. Кога се менува продажната стратегија може да дојде и до менување на стратегијата на цени бидејќи цените се директно поврзани со продажбата.

Купчето зависи од вас и вашите продажни цени

Купчето зависи од вас и вашите продажни цени

Многу често претприемачите ги определуваат сопствените цени и чекаат со надеж дека се ќе биде во ред. Ова претставуваат пасивни претприемачи кои со таква пасивност оставаат да постои можност од:

  • Губење на потрошувачи или
  • Губење на поголем профит.

Успешните претприемачи не се пасивни туку проактивни. Тие постојано следат што се случува на пазарот и ги прилагодуваат сопствените цени заради максимизирање на резултатите. Потребно е да изградите соодветен систем за следење на пазарот (потрошувачи, конкуренција и снабдувачи) и врз тие информации и сопствената анализа (трошоци, цени) да преземете чекори во поглед на намалување или пак зголемување на продажните цени.

 

post

Видео: Things апликација за iPad

iPad

iPad


Пред извесен период започнавме со презентирање на корисни апликации за iPad кои можат да се користат од страна на претприемачите. Досега ги поминавме следниве категории:

Следуваат уште постови за категории како социјални медиуми, книги, манипулација со податоци и за читање.

Со овој пост би започнал и со ветените видео материјали за секоја од апликациите. Првото видео е за најмоќната апликација за продуктивност – Things.

post

Генерација X и генерација Y

Генерација X и генерација Y

Генерација X и генерација Y

Демографијата, социјалните науки и маркетингот користат термини како генерација X или Y во сопствените истражувања. На бизнисите големо влијание имаат генерациите кои се потрошувачи на тие бизниси. Различни генерации имаат различни пари за трошење и различно се однеусваат во дадени ситуации. Децата не можете да очекувате дека во секој момент ќе имаат пари со нив за купување на компјутери. Пензионерите гледаат да заштедат за да го проживеат месецот и се добри за бизниси со храна и аптеките. Секоја генерација различно се однесува во поглед на купувањето и донесување на одлука за купување. Тука ќе разгледаме две генерации во поглед на тоа кои се тие генерации (возраста) и некои карактеристики на однесување и спремноста за трошење на нивните пари за некои производи и/или услуги кои токму вие ги користите.

Индивидуалците кои припаѓаат во Генерација Х се родени и израснати во подоцните години и децениите кои следат при студената војна. Оваа генерација е сведок на крајот на студената војна и падот на Берлинскиот ѕид како една челична завеса која ги делеше луѓето. Тие ја вреднуваат заедницата, односите во заедницата и претприемништвото. При оваа генерација се случи прифаќањето на домашните компјутери, интернетот и видеоигрите. Како некои имиња на генерации кои спаѓаат во Генерација Х може да се сретнат и видео генерација, MTV генерација итн. Појавата на Генерација Х се спротивстави на навиките и однесувањата на претходната генерација.

Генерација Y како термин за првпат се појавува во 1993 и ги опишува тинејџерите родени помеѓу 1974 и 1980 година. Но подоцна опфатот на годините се променил многу пати. Главно прашање кое се поставува од која до која година родените припаѓаат на Генерација Y. Но сепак, не постои прецизна дефиниција за тоа од која до која година на раѓање се нарекуваат луѓе од Генариција Y. Некој вели дека тоа е генерација која е родена помеѓу 1974 и 2001, другите пак од 1976 до 2003 година. Но и во поглед на терминот постојат различни имиња. На пример како генерација Y се појавуваат и термините следна генерација и милениумска генерација кои во поголем дел и даваат поголема независност од Генерација Х. Но не постои единечен термин кој би ја опишал оваа генерација. Онаа што е карактеристично за Генерација Y е дека тие многу повеќе користат технологија во секојдневниот нивен живот. Голем дел од оваа генерација имаат компјутери, користат интернет, поседуваат мобилен телефон, MP3 плеер. Оваа генерација користи Instant Messages, блогира и поседуваат блогови, поголем дел информациите ги добива од интернет, наместо од телевизија, симнуваат филмови и музика од интернет, наместо да одат во продавница повеќе сакаат да купуваат преку интернет, карактеристична е големата присутност на социјалните медиуми како Facebook и Twitter итн. Сето оваа е незамисливо или потешко замисливо за генерација Х.

Но, која е генерација Y во Македонија и на нашите простори. Тоа е генерација која малку или пак воопшто не го почувствувала комунизмот и самоуправниот систем. Забележете само колкава е разликата помеѓу Генерација Х (која живееше во комунистички систем во текот на студена војна каде нашата земја како дел од СФРЈ играше голема улога и се беше ОК за нив) и Генерација Y која има огромна слобода во поглед на однесување, информираност, технологија… Во ова генерација се наоѓаат и луѓе кои први на овие простори немаат сеќавања и носталгија за периодот на социјализмот. Оваа генерација гледа напред и сака да ги искористи предностите што модерното општество и технологијата им овозможуваат. (Но, сепак политичко-економските пречки се неизоставен дел на овие желби.)

Но зошто сето оваа за претприемништвото, за претприемачот и за малите бизниси. Секој бизнис има свој круг на потрошувачи. Некаде тоа е поизразено, а некаде помалку изразено. На пример, аптеките имаат повеќе потрошувачи кои се пензионери, постари лица, кои користат разни лекарства за одржување на животните функции. Дали ваков тип на бизнис како основа ќе го земе онлајн маркетингот за да допре до овие луѓе? Секако не, овие лица дури и не знаат што е тоа интернет. Така овие бизниси ќе изберат потрадиционални маркетинг методи како весници, радио и теевизија. Но, таа иста аптека доколку продава разни препарати за здрава храна, енергија за вежбање, витамински производи итн. онлајн маркетингот е опција бидејќи ова е веќе друг генерација за одреден вид на производи за истиот бизнис. Да земеме еден продавач на мобилни телефони од последна генерација и корисниците на тие телефони се помлади луѓе кои секојдневно висат со часови на интернет за да ги проучуваат тие производи. Овој бизнис логично е во голем дел да се базира на интернет маркетинг кампањи за да допре до тие негови потенцијални потрошувачи кои што се таму.

Оваа е значајно и од друг поглед, парите. Различни генерации имаат различна висина на финансиски средства и примања. Така некои од генерација X можеме да очекуваме дека се на некои менаџерски позиции и имаат поголеми примања во однос на оние од Генерација Y. Но, децата на Генерација Х може да бидат од Генерација Y па и тие да имаат дел од финансиска моќ на нивните родители. Од друга страна и голем дел од генерација Y се работоспособни луѓе кои веќе или постигнуваат или пак ќе постигнат големи деловни успеси.

Ова се основните типови на генерации кои се влијателни на бизнисите и на претприемачите. Пронајдете која е вистинската целна генерација за Вашиот бизнис и насочете се да ја придобиете. Кои се потребите на тие генерации? Како да се доближите до нив? Ова се прашања на кои што Вие како претприемач ќе треба да дадете одговор.