Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

video

Наука за убедување

За убедување и работата на доктор Robert Cialdini пишував повеќе пати, но можеби пред неколку години. Сега со оваа видео сакам само да потсетам дека за тоа како можеме да бидеме убедени постои цела наука која многу добро доктор Cialdini ја истражува.
post

На кои локации се вашите купувачи

Како претприемач секогаш ќе треба да знаете каде се наоѓаат вашите купувачи доколку сакате вашиот бизнис секогаш да биде блиску до нив.

купувачи

Најважната личност за вашиот бизнис е вашиот купувач. Тоа веќе многу пати го пишувам и зборувам (на подкастот претприемачки пат), не мора сега да обрзложувам нешто повеќе. Но, бидејќи веќе знаете дека вашите купувачи се најважни за вашиот бизнис и најмоќни од друга страна особено со моќ која има потенцијал да го обликува вашиот бизнис логично за вас е да бидете колку што можете поблиску до вашите купувачи. На таков начин, лесно ќе зборувате со нив, а за возврат можете да ја очекувате нивната доверба да дојдат во вашиот бизнис и да ги купат решенијата кои вие им ги нудите.

Продолжи…

video

Обидување и грешки според Tim Harford

Одлична TED презентација каде Tim Harford го покажува клучот на успехот, а тоа е да се обидете, да греите и секако да научите. Ако се обидувате и ќе успеете. Без обидување нема успех.
link

10 карактеристики на успешни млади претприемачи

10 карактеристики на успешни млади претприемачи

Успешни млади претприемачи – извор: InfWorm

успешни млади претприемачи

Карактеристиките на успешни млади претприемачи се презентирани како што се, додека коментарите се мои.

Продолжи…

post

Како да го надминете одбивањето како еден претприемач

Веројатно како претприемач веќе сте искусиле повеќе одбивања. Одбивањата како одбивања не се најголемиот проблем, но вистинскиот проблем е доколку вие сте премногу емоционални и чувствителни за нив.

одбивање

Вашиот претприемачки живот ќе биде соочен со премногу одбивања кои понекогаш може да бидат и на секојдневна основа. Можете да бидете одбиени од купувачите, вработените, партнерите, пријателите, смеејството… Тие се ваша реалност и не можете да ги зибегнете.

Продолжи…

aside

Книга: изберете се себеси

Изберете се себеси Изберете се себеси – Бидете среќни, заработете милиони, живејте си го сонот од James Altucher

Книгата “Изберете се себеси” е една од понови книги која едноставно ме заинтересира за да ја прочитам, особено поради фактот што го следев блогот на авторот James Altucher и знаев дека истиот има и позитивно и негативно искуство со неговите повеќе бизниси. Всушност авторот има искуство и во заработување на милиони, но и во губење на милиони, што претставува барем за мене некој кој може да го преслика сопственото искуство во една книга.

Мислам дека ние премногу се фокусираме на успешни приказни. На пример, секогаш се бараат успешни приказни за да се научи нешто ново, но знам дека едно нешто е сигурно, а тоа е дека приказни за неуспех вредат многу повеќе од успешните приказни, затоа што многу може да се научи од туѓи грешки. Од друга страна, кога станува збор за бизниси, знам и дека сите успешни приказни за успешни претприемачи имале десетици неуспешни приказни пред да станат успешна приказна. Го базирам оваа тврдење на десетина автобиографски книги на успешни претприемачи.

Продолжи…

quote

Позиционирање и вашите купувачи

Позиционирањето ќе формира основа на вашите комуникации со сите ваши стејкхолдери како купувачи, инвеститори, партнери, вработени итн. За вашиот купувач, целта на позиционирањето е да разберат каков бенефит ќе добијат од вас и зошто вие сте подобар од било кој друг.

~ Brant Cooper & Patrick Vlaskovits

The Entrepreneur’s Guide to Customer Development – A Cheat Sheet to The Four Steps to the Epiphany

post

Подгответе бизнис план во услови на крајно променливо опкружување

Денес бизнисите функционираат во едно крајно променливо опкружување, па затоа и еден бизнис план се подготовува во едно такво опкружување.

бизнис план

Може ли да успееме во такви услови да подготвиме бизнис план кој ќе ни гарантира успешна имплементација? Особено во вакви услови се јавува една временска разлика од планирање и имплементација.

Продолжи…

chat

31 работи за да го подобрите вашиот живот за 31 денови

Подобрувањето е секогаш можно и секогаш потребно, особено кога сте претприемач. Оваа презентација дава 31 предлог за да го подобрите вашиот живот за 31 денови
status

Пауза од подкастот “Претприемачки пат”

Пауза од подкастот “Претприемачки пат”

Периодот на годишни одмори започнува, така и ние ќе започнеме со намалување на интензитетот на нашата работа. Затоа во следниот период, поточно месец август 2013 година ќе правиме пауза од подкастот “претприемачки пат”.

Сега за сега можете да ги следите првите десет епизоди од подкастот преку линкот за претприемачки пат.