Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

post

Како да водите ефективен состанок

Како да водите ефективен состанок? Навистина важно прашање за менаџери и претприемачи, лица кои треба да знаат како да водат еден едективен состанок.

ефективен состанок

Факт е дека состаноците се гледаат како важни алатки за комуникација во бизнисот, но исто така чето пати доведуваат до високо ниво на лична продуктивност за учесниците на состанокот.

Продолжи…

aside

Лансирање – Како брзо да го турнете вашиот бизнис вон конкуренција

лансирање вашиот бизнис пред конкуренција Launch: How to Quickly Propel Your Business Beyond the Competition од Michael A. Stelzner

Од авторот на еден од најпопуларните сајтови Social Media Examiner и претприемач, оваа книга претставува едно лесно за читање и разбирлив водич за користење на новите технологии во развој на вашиот бизнис.

Иако, книгата “Лансирање” е од пред неколку години и ја прочитав додека бев на одмор пред две години, сепак кога ја разгледав пред извесен период да видам какви белешки сум напишал и што сум подвлекол како интересно забележав дека ја немам препорачано овде на претприемач.

Продолжи…

quote

Организација, приоритет, менаџмент VS квалитетот на идеите

Начинот на кој ги организирате проектите, приоритизирате и менаџирате вашата енергија се поважни отколку квалитетот на идеите кои сакате да ги спроведете.

~ Scot Belsky

Making Ideas Happen: Overcoming the Obstacles Between Vision and Reality

post

Како да се откачите од проблеми

Доколку сте претприемач, вие сте личност со многу проблеми. Тие се насекаде околу вас. Не можете да најдете место без да видите проблеми.

проблеми

Едноставно можеме да кажеме дека вие сте откривач на проблеми, создавач на проблеми и решавач на проблеми во исто време. Тоа е реалноста на еден претприемач.

Продолжи…

chat

Интернет трендови за 2013

Презентација во која се опфатени некои трендови во однос на интернетот за 2013 годинина кои треба да ги знаеме.
video

Нови погледи за еден бизнис план

Промените кои постојано се случуваат, бараат да промениме многу работи кои ги знаеме и користиме како такви. Тоа значи дека и улогата на еден бизнис план како и неговата форма мора да се менуваат.
post

Кога ќе ве нападне конкуренција

На пазарот постои конкуренција поради ништо друго, туку поради тоа што вашите купувачи сакаат да избираат. Тие не се на пазарот поради вас, туку поради вашите тековни и потенцијални купувачи.

конкуренција

Да, вашите купувачи скааат да избираат, сакаат повеќе од една опција бидејќи знаат дека ако постои конкуренција и тие мора да избираат помеѓу повеќе опции ќе добијат подобра вредност за нив.

Продолжи…

link

Eдноставна и забавна вежба која го зајакнува и телото и душата

Eдноставна и забавна вежба која го зајакнува и телото и душата

Извор: PsyBlog

Науката досега има докажано дека постојат повеќе активности кои овозможуваат зајакнување и на телото и на душата на луѓето. Често пати времето во кое што живееме не ни дозволува да мислиме на убави работи кои навистина предизвикуваат благосостојба. Едноставно го игнорираме онаа што го имаме и што има потенцијал да не енергизира со уште посилна енергија во нашиот живот.

Еден начин за да го зајакнеме и телото и душата, психолозите Jamie Kurtz и Sonia Lyubomirsky предлагаат да фотографирате различни сегменти од вашиот секојдневен живот. Чекорите кои ги предлагаат се следниве:

  • Во текот на денот сликајте разни сегменти од вашиот живот.
  • Размислувајте за работите кои се централни и кои всушност кажуваат кои сте вие навистина.
  • Обидете се да сликате минимум пет фотографии секојдневно.

Избор на пет важни работи и давање на нивно значење во вашиот живот едноставно секогаш ќе ве потсетуваат кои сте вие всушност. А бидејќи претприемачкиот живот не е лесен и лесно доведува да се заборави кои сме, што сме и што сакаме, оваа е добар начин да се навраќаме на корените, на онаа што не поттикнало да го започнеме овој претприемачки живот.

aside

Широк објектив – Нова стратегија за иновација

Wide Lens - Нова стратегија за иновација Широк објектив – Нова стратегија за иновација од Ron Adner

Последните дваесет години се години во кои можевме да забележиме дека процесот, начинот и чинителите на иновацијата драстично се променети. Единките не успеваат. Успеваат само иновациите кои ќе успеат да ги интегрираат сите лица кои се важни за да успее самата иновација. Исто како и алките на синџирот, така и во процесот на иновација доколку една алка не постои или е слаба, процесот нема да успее.

Зошто имаме примери каде големите компании со огромен капацитет за иновација не успеваат? Sony имаше невиден успех со вокмен, но mp3 плеерот не беше продолжеток на еден таков успех. Автомобили на електричен погон дури сега наоѓаат соодветен екосистем кој може да гарантира успех на иновација како еден производ која не е од денес ниту од вчера, туку многу порано. Но, екосистемот дури сега се развива и можеме да кажеме дека постои голема веројатност во следните години да видиме многу големи промени на една цела индустрија.

Продолжи…

post

12 Причини за одложување кои треба да ги знаете

Одложување е нешто што често се користи од страна на претприемачите во нивната секојдневна работа. Но, одложување е навистина опасно кога станува збор за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат.

одложување

Претприемачите по природа се луѓе со многу идеи, концепти, проекти, задачи… Доколку ја одложуваат имплементацијата на тие идеи, концепти, проекти или задачи во секојдневната работа на нивниот бизнис не може да очекуваат успех за себеси и бизнисот воопшто. Едноставно, без имплементација не може да се каже дека постои претприемач. Затоа и одложувањето се смета како еден од најголемите непријатели на претприемачите или потенцијалните претприемачи.

Продолжи…