Се попопуларно работно место може да се забележи и во малите и во големите бизниси. Во големите станува хит позиција, додека малите ја комбинираат со тековната работна сила.
Оваа позиција се нарекува бизнис аналитичар.
Задачата на еден бизнис аналитичар е да ја предвиди иднината. Во почетните фази, се додека бизнисот не се стабилизира, во најголем број на случаи оваа позиција е длабоко вкоренета во претприемачот.
Но, задачата за да се предвиди иднината не е лесна, ниту за претприемачот, ниту за било кој експерт најмен однадвор или пак „фул-тајм” вработен во бизнисот.
Една карактеристика на секој бизнис претставува неизвесноста. Тогаш, како може да биде задачата лесна да се предвиди иднината доколку најсилната карактеристика на бизнисите е неизвесноста? Предвидување на иднината по дифолт претставува намалување на неизвесноста.
Но, сепак многу елементи од иднинта би можеле да се претпостават доколку се знае што се сака и што треба како најважно да се следи и предвидува. Понекогаш не е потребно да имате 100% прецизност за да знаете што може да се случува во индустријата и што ќе треба виде како еден претприемач да преземете за подобро дочекување на таа иднина. Доволен е еден тренд, еден мал индикатор, еден во тој момент можеби воопшто неважен збор, а сепак да ве наведе на вистинската насока.
Подолу е презентиран еден поедноставен процес кој би можеле да го следите, но морам да напоменам дека иако изгледа едноставен, сепак самиот процес не е лесен.








