chat

Интернет трендови за 2013

Презентација во која се опфатени некои трендови во однос на интернетот за 2013 годинина кои треба да ги знаеме.
post

Кога ќе ве нападне конкуренција

На пазарот постои конкуренција поради ништо друго, туку поради тоа што вашите купувачи сакаат да избираат. Тие не се на пазарот поради вас, туку поради вашите тековни и потенцијални купувачи.

конкуренција

Да, вашите купувачи скааат да избираат, сакаат повеќе од една опција бидејќи знаат дека ако постои конкуренција и тие мора да избираат помеѓу повеќе опции ќе добијат подобра вредност за нив.

Продолжи…

post

Откријте ги тајните желби на вашите купувачи

Секој има различни видови на тајни. И вашите купувачи имаат нивни сопствени тајни. Затоа е важно за вас како еден претприемач да знаете кои се тајните желби на вашите купувачи.

купувачи

Тајна е нешто што едно лице го одржува како непознато за други лица. Доколку имаме двајца кои знаат нешто, тогаш тоа нешто веќе не е тајна. Но, како можете да ги откриете тајните на вашите купувачи кога самите тие нема да ви дозволат да ги дознаете тие тајни?

Продолжи…

audio

Епизода #10- Email маркетинг и основни прашања на кои треба да одговорите

Оваа е десета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на тој ваш пат.

Претприемачки пат

Темата за email маркетинг е доста интересна тема и секако дека ќе бара многу поголем простор за да се опфатат сите важни елементи од овој процес кој доколку го дизајнирате како што треба, ќе постигнете неверојатни резултати.

Продолжи…

quote

Дигитален дарвинизам

Секој бизнис е жртва на дигитален дарвинизам, еволуција на однесувањето на потрошувачите кога општеството и технологијата еволуираат побргу отколку што сме способни да ги искористиме. Дигитален дарвинизам не дискриминира. Секој бизнис е под закана.

~ Brian Solis

The End of Business as Usual

image

Индустрии во раст и индустрии кои опаѓаат

Многу е важно да следите кои индустрии се во континуиран раст, а кои започнуваат едноставно да изумираат. Дали вашата индустрија ќе се најде на удар на можно изумирање? Еве еден одличен инфографик каде се анализирани повеќе индустрии.
post

Како вашиот купувач да не ве замени?

Никој не сака да биде заменет, но сепак честопати тоа е реалност во еден претприемачки свет. Еден од поголемите императиви на сите претприемачи е да ги избегнат можностите да бидат заменети од нивниот купувач.

купувач

Зошто?

Затоа што доколку продолжите да го искусувате заменувањето, тоа е знак дека вашиот бизнис ќе страда од губење на купувачи, намалување на продажба, приходи и профитабилност.

Продолжи…

chat

Манифест за презентери

Одлична презентација за презентери во вид на манифест кој е добро да се применува во практиката.
audio

Епизода #08 – Билдање на свесност кај купувачите дека имаат проблем кој вие го решавате

Оваа е осма епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на вашиот пат.

Претприемачки пат

Веќе најавив во шестата епизода од “претприемачки пат” која се однесуваше на купувачите и нивната моќ која го содржи интересот за себеси, ќе имаме повеќе епизоди во овој почетен циклус со главен фокус на купувачите. Сепак, нели тие се најважните за секој бизнис. Во оваа епизода ќе се обидам да ви помогнам да го направите вистинскиот спој помеѓу производот и купувачите без разлика дали станува збор за идни купувачи за стартап бизниси, или пак за идни и постоечки купувачи кај тековен бизнис.

Продолжи…

post

Три видови на купувачки проблеми на кои треба да се фокусирате

Иако главниот фокус на секој веќе постоечки бизнис или пак стартап при дизајнирање на бизнис моделот е проблемот кој го имаат купувачите и чие решение е директно интегрирано во производот или услугата, сепак не е доволно целиот фокус да биде само на овој проблем.

Во видеото кое што следува презентиран е еден график кој е специфично дизајниран за најновата екнига на претприемач насловена како “Бизнис блог предизвик за 30 денови” која со задоцнување ќе биде достапна овој месец (јули 2013). Основата на оваа екнига е бизнис блог предизвикот кој го објавивме пред скоро две години, со тоа што ќе бидат интегрирани доста нови елементи за новото време кое го живееме. Затоа следете не и нема да ја испуштите.

А, сега клучните проблеми!

Не е доволно само да се фокусирате на примарниот проблем, без разлика дали станува збор за блогирање за бизнис, или пак за маркетинг активности, или пак за развој на вашиот производ или услуга. Купувачите секогаш ќе имаат потреба од нешто плус, а за да постигнете успех со примарниот проблем ќе мора да ги интегрирате во вашите процеси и останатите два проблеми.