Како една можност да се стане претприемач е да се купи веќе постоечки бизнис кој е на продажба. Значи освен започнување со сопствена бизнис идеја од нула, може и да се купи постоечки бизнис.
Најчесто, да се најде бизнис не е проблем, но проблем е да се најде добар бизнис.
Во развиените земји, во весниците, има огласи во кои се нудат бизниси. Во локалните весници се нудат најчесто локални бизниси, додека во Wall Street Journal има светски бизниси.
При барање на бизнисите за купување, може да се користат и услугите на брокерите. Провизијата на бизнис-брокерите може да изнесува и до 10 % од продажна цена. За да се добие сознание за купување на бизнис, треба да се користат и личните врски со пријатели, со банкари, со сметководители, со деловни луѓе. Овие се индиректни пристапи. Со директен пристап, лично се стапува во контакт со можниот продавач на бизнис и се преговара за можното купување на бизнисот.
Прашањето зошто сопственикот сака да го продаде својот бизнис, за купувачот е мошне значајно. Врз база на сознанијата што се добиват кога ќе се испитаат причините за продажба, може да се добие квалитетна слика колку бизнисот ветува и колку пари треба да се понудат за да се откупи истиот.
Доколку е под притисок, стариот сопственик може да даде поволни услови. Можно е и измислување на проблеми од страна на стариот сопственик, со цел да се измами купувачот, дека е во криза и дека нуди поволни услови за купување, а тие да се далеку од поволни.
Причини за продажба може да бидат:
- загуби на капитал поради континуиран пад на продажбата и профитот;
- смртен случај, пензионирање или болест на сопственикот;
- незаинтересираност на наследниците за водење на бизнисот;
- спорот со партнерот;
- територијално прелевање на бизнисот;
- принудна ликвидација или продажба;
- страв од конкуренцијата, како и неможност од справување со неа;
- страв од постоечка или идна економска состојба;
- недостаток на желба и мотив за понатамошното занимавање со бизнисот или недостатокот на капитал за да се изврши реконструкција и подобрување, како и набавка на новата опрема или производи;
- желба за промена на гранката на работењето.
Затоа, во следните неколку денови ќе одиме со серијал на постови за започнување на бизнис преку купување на постоечки бизнис. Така да ќе бидат опфатени следниве наслови:








